Лука Дончиќ го урна рекордот на Џордан, Далас победнички (ВИДЕО)

4445
ФОТО: Dallas Mavericks Twitter

Далас Маверикс го победи ЛА Клиперс со 123-93 на гости во натпреварот број 4 од првото коло од плејофот и поведе со 3-2 во серијата. Лука Дончиќ ги предводеше Мавс, иако имаше болките во повреденото десно колено, симптоми на грип.

Словнецот мечот го заврши со рекорд. Тој постигна 35 поени, одбележувајќи го неговиот 16-ти последователен гостински плеј-оф натпревар со 20 или повеќе поени, со што стана првиот играч во историјата на НБА кој го направил тоа. Досега беше изедначен со Мајкл Џордан (15 гостувања по ред со 20+ поени), додека претходно го надмина Карим Абдул-Џабар (12).

Дончиќ додаде 10 скока и седум асистенции на напаѓачките перформанси и беше најдобар играч на Маверикс во сите три статистички колони. Макси Клебер додаде 15, а Кајри Ирвинг 14 поени и шест асистенции за тимот од Тексас.

Кај Клиперси, Зубац и Пол Џорџ постигнаа по 15 поени. Во отсуство на Кавај Ленард, Џејмс Харден и Расел Вестбрук се обидоа да го преземат офанзивниот товар. Погодија комбинирани 4/23 од поле за вкупно 13 поени.

На втората средба одиграна синоќа, Бостон го победи Мајами со 118-84 и се најде во полуфиналето на Истокот.

ПретходноЛШ: Борусија (Д) со минимална предност патува на реваншот во Париз (ВИДЕО)
СледноПогледнете ја драмата во ЛШ: Карачиќ клекна пред судиите, Душебаев се држеше за глава (ВИДЕО)