Екипата на Струга Трим Лум и шефот на стручниот штаб, Штепим Дуро пред крајот на сезоната ја прекина соработката. Актуелниот првак на својата официјална страница објави дека договорот е раскинат спогодбено.
„ФК Струга ја информира јавноста дека за раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб, Шпетим Дуро. Со билатерален договор прекината соработката со тренерот Дуро.
Во оваа прилика, ФК Струга му се заблагодарува на Шпетим Дуро за неговиот придонес во периодот додека ја водеше нашата репрезентација на државното првенство и европските натпреварувања, а воедно му посакуваме многу успеси во иднина“, соопштија од Струга Трим Лум.
Подоцна ќе биде познато кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.