Фудбалерите на Борусија Дортмунд остварија минимална победа во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ. Конечниот резултат гласеше 1:0 за домашните на овој натпревар.
Иако не постигна гол на овој натпревар, спортската јавност во Европа на големо зборува за настапот на Џејдон Санчо кој одигра феноменален натпревар против Пари Сен Жермен.
Санчо ги полуде играчите на ПСЖ, ги дриблаше како што сака и практично се поигруваше со нив во текот на натпреварот.
По завршувањето на натпреварот, Борусија Дортмунд му посвети објава на Санчо на својот официјален Твитер профил.
You all owe him an apology, we were ALWAYS familiar with his game. pic.twitter.com/UdacSpIHvZ
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) May 1, 2024
Токму за оваа најава зборува Европа.
„Му должите извинување, ние секогаш сме запознаени со неговата игра“, се вели во соопштението на Борусија Дортмунд.
Германскиот тим поведе во 36. минута кога Шлотербек испрати една одлична топка до Никлас Филкруг, кој успеа да избегне офсајд позиција и да упати удар кон голот на Донарума за водство на „жолто-црните“.