Ралф Рангник сепак нема да стане тренер на Баерн, објави „Билд“, а потоа потврди и самиот селектор и австриската репрезентација што моментално ја води. Оваа вест е големо изненадување со оглед на тоа што најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо вчера објави дека Баерн и Рангник преговараат за последните детали.
Сепак, Рангник нема да го наследи Томас Тухел на клупата на Баварците. Рангник постигна договор со австриската федерација и ќе остане селектор на нивната репрезентација со која ќе ги одмери силите на Европското првенство во Германија во јуни. Австрија е во групата Д со Франција, Холандија и Полска.
„Останувам селектор на Австрија со целото мое срце. Уживам во оваа работа и посветен сум на понатамошната работа. Сакам експлицитно да нагласам дека ова не е одбивање на Баерн, туку се одлучив за мојот тим и нашите цели. целосно фокусирани на еврото, ќе направиме се што можеме, би отишле што подалеку“, изјави Рангник.
Рангник не сакал наеднаш да го промени целиот свој живот или да работи две работи истовремено, односно да ја води Австрија на Европското првенство и да го планира штабот на Баерн за следната сезона.
По Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, Рангник е третиот тренер кој Баерн го одби во последните недели.