Ако досега имаше мала минутажа, а на последниот меч на Лајпциг преседе на клупата, вечерва нашиот Дијамант Елиф Елмас нема да биде воопшто во комбинација за гостувањето кај Хофенхајм во меч од рамките на 32.коло во Бундеслигата. Именио станува збор за болест па така Елмас ќе мора да го пропушти овој натпревар на “биковите“.
Оваа вест ја потврди и Марко Розе, стратегот на Лајпциг кој дополни дека македонскиот репрезентативец не тренирал на последните тренинзи на тимот поради болест.
Инаку Елмас ја има оваа полусезона за заборав. Често влегува во последните десет минути во игра, само еднаш беше стартер и на полувреме беше заменет.