Утре на Чаир ќе “врие“. Во рамките на 31.коло во еден од решавачките мечеви за титулата, Шкупи ја пречекува Шкендија. Познато е дека овие две екипи, заедно со Струга ТЛ, се на делба на првото место на табелата со по 58 бода и влегуваат во последните три кола со подеднакви шанси за освојување на титулата во ПМФЛ.
Со цел Шкупи да има поголема поддршка од трибините, раководството на овој клуб се одлучи влезот да биде слободен.
Од друга страна Шкендија и официјално побара присуство на своите фанови, “Балисти“ на овој меч. За ова барање одлучува клубот домаќин и секако Министерството за внатрешни работи.