Мајк Тајсон во пресрет на борбата со Џек Пол се откажа од две работи!

2064

На 20 јули во Арлингтон, легендарниот Мајк Тајсон (57) ќе има бокс меч против јутјуберот Џек Пол. Некои велат дека тоа ќе биде егзибициски меч, но од двата табора се истакнува дека истиот ќе биде професионален. Со цел да биде што подобро подготвен, Тајсон напорно тренира и вели дека се откажал од две работи кои најмногу ги сака, а тоа се сексот и марихуаната.

Во моментов живеам дисциплинирано. Тренирам по трипати на ден,веќе неколку недели сум немал секс со мојата сопруга, ниту пак сум пробал марихуана. Ова се нема случено одамна“ рече покрај другото некогашниот светски првак.

ПретходноФоден е фудбалер на сезоната според англиските новинари
СледноОФИЦИЈАЛНО: Дортмунд потврди дека Марко Ројс си оди