Стартува „мисијата“ СП 2025, Лазаров денеска прозива!

234

Македонската машка ракометна репрезентација денеска стартува со мини подготовките за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка. Собирот е закажан во 16 часот во хотелот „Александар Палас“.

На патот до учество на деветтиот Мундијал стори селекцијата на Фарски Острови, некогаш посакуван противник, но од последното Европско првенство видовме дека е репрезентација на почит.

Првиот бараж меч се игра на 8. мај на гостински терен, додека реваншот е закажан за 12. мај во СЦ „Борис Трајковски“ (19 часот).

Лазаров објави список од 20 имиња, плус седум резерви. Репрезентацијата треба да биде комплетна во недела кога ќе се приклучат Никола Митревски и Филип Талески, тие утре играат дерби меч меѓусебе.

Новитет за овие две средби има во стручниот штаб, Стојанче Стоилов е новиот член, тој со своето искуство и тоа како ќе биде важна додадена вредност на националниот тим.

 

ПретходноЕлмас е болен, не е во комбинација за вечерашниот меч против Хофенхајм!
СледноСкандал во НБА: Ѕвездата на Милвоки намерно ја фрлаше топката во публиката! (ВИДЕО)