У19: Словачка, Летонија и Луксембург наши ривали во квалификациите за ЕП 2025

179

Денеска во Нион со ждрепка беа одредени новите квалификациски групи во категоријата до 19 години за претстојното ЕП 2025 година. УЕФА комплетираше 13 квалификациски групи, а Македонија се најде во групата „12“ заедно со репрезентациите на Словачка, Летонија и Луксембург.

Ова е прва фаза од квалификациите за пласман на ЕП кое ќе се одржи во Романија,

Вкупно 27 екипи ќе се пласираат во елитната рунда за пролетта 2025 година, што значи дека првите две најдобропласирани екипи од секоја од групите одат во елитната рунда од квалификациите, а таму ќе им се придружи и најдобрата третопласирана селекција од овие 13 групи, плус селекцијата на Португалија која ќе игра директно во елитните квалификации.

Квалификациите ќе се играат во три термини: 2–10 септември; 7–15 октомври; 11–19 ноември оваа година.

ПретходноАлкараз пак е повреден, го откажа настапот на Мастерсот во Рим
СледноУ17: Младите на патот до ЕП преку Шпанија, Исланд и Естонија