Џирона во проблем поради трансфер на украински фудбалер

1612

Украинскиот напаѓач Артем Довбјук беше фантастичен трансфер за Џирона кога направи трансфер од Дњипро минатото лето, меѓутоа каталонскиот клуб сега е во проблем поради него. Ова го соопштува „Football-Espana“ и „Мундо Депортиво“.
Двата клуба се обвинети за прекршување на правилата при трансферот минатото лето. Се тврди дека лажниот план бил спроведен со цел да се избегне плаќање данок во Украина.
Сите плаќања треба да одат само на сметки во украинските банки. Ако зборуваме за спортски закон, фудбалерот е регистриран како клиент на украинска компанија. И само оваа организација има право да зема плаќања за Довбик.

Сигурен сум дека надлежните органи на УЕФА до кои имам подготвено претставка, ќе ги истражат овие прекршоци и ќе донесат правична и соодветна одлука. Се надевам дека Украинската фудбалска асоцијација ќе обрне внимание на ова прашање“, изјави адвокатот Јевген Кузмин.

Доколку случајот продолжи, Џирона би можела да се соочи со сериозни последици доколку биде прогласена за виновна. Казната би требало да биде парична, додека најстрога санкција би можело да биде исклучување од Лигата на шампионите каде што имаат намера да играат следната сезона.
Оваа сезона Довбик одигра 34 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше седум асистенции. Моментално е најдобар стрелец во Ла Лига.

ПретходноАнгличанецот Тејлор ќе го суди решавачкиот меч за титулата во првенството на Албанија!
СледноФоден е фудбалер на сезоната според англиските новинари