Атанасов со петти сезонски гол во дресот на Краковија (ВИДЕО)

651

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов го постигна својот петти сезонски гол во дресот на Краковија во денешната убедлива победа над Горњик Забже од 5:0.

Нашиот играч за врска влезе од клупата во 70. минута, но набрзо успеа да се запише во листата на стрелците. Атанасов погоди во 85. минута поставувајќи го конечниот резултат на средбата.

Краковија по ова коло останува на 12. место на табелата во безбедната зона за опстанок.

ПретходноДе Зерби сака во Милан, но „росонерите“ не сакаат да платат 15 милиони за него
СледноУЕФА одлучи: На ЕП 2024 репрезентациите со по 26 играчи