Де Зерби сака во Милан, но „росонерите“ не сакаат да платат 15 милиони за него

230

Роберто Де Зерби е сериозно заинтересиран за клупата на Милан.

Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан се обидува да го ангажира Де Зерби на местото на Стефано Пиоли, но клаузулата во договорот на италијанскиот стручњак со Брајтон е сериозна пречка за реализација на оваа желба и од двете страни.

Милан не сака да плати 15 милиони евра за да го раскине договорот на Де Зерби. Тие велат дека се подготвени да разгледаат други опции, но само доколку Брајтон е подготвен на преговори. Претходно беше забележано дека Милан има намера да разговара и со Тиаго Мота, актуелниот тренер на Болоња.

ПретходноРаботнички го возврати ударот, израмни во полуфиналето со Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАтанасов со петти сезонски гол во дресот на Краковија (ВИДЕО)