Нашата ракометна репрезентација денеска го имаше првиот собир во Скопје во пресрет на двомечот со Фарските Острови за пласман на СП 2025. Нашиот пикер, Милан Лазаревски, смета дека во двомечот со Фараните нашата шанса е цврстината во играта.
„Секој противник кој ќе ни се паднеше на ждрепката ќе беше исто. Ние сонуваме за пласман и задржување на континуитетот на настап на големите натпреварувања и тоа ќе биде наш главен пристап во овој двомеч. Секако желбата е да играме на ова СП. Фарските острови имаат одлични технички играчи, брзи, полетни, можеби со помала конституција, и тука ја гледам нашата вистинска шанса. Против овој противник тоа треба да ни биде адут. Почнуваме со анализа од денеска и секако си ги знаеме нашите шанси“, вели Лазаревски.
Репрезентативците до вторник се во Скопје, кога заминуваат за Торшавн каде веќе в среда го играме првиот меч.