ОФИЦИЈАЛНО: Георгиевски го продолжи договорот со Вардар

413

Десното крило Гоце Георгиевски го продолжи договорот со РК Вардар на уште една сезона. Клубот изрази задоволство што популарниот „Џомба“ се согласи да биде дел од тимот.

„Знаеме колку значи искуството што го има во себе Гоце, и среќни сме што прифати да биде уште една сезона дел од Вардар. Неговото искуство ќе биде од големо значење за играчите кои доаѓаат на сцената, и кои се повеќе се наметнуваат. Тој е расположен, освен што ќе игра, и да го пренесе своето искуство на помладите колеги. Вардар е веќе стабилизиран, сериозен, и нашите амбции секогаш се победа, и титули. Гоце е се уште гладен за победување, исто како и Вардар и заедно ќе чекориме кон нови победи“, изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

Георгиевски со екипата на Вардар беше и шампион на Македонија, го освои и Купот и Супер купот, играше и во Лигата на шампионите, и претставува легенда на македонскиот ракомет.

Клубот соопшти и дека работи на новите засилувања, но и задржување на играчите кои се дел од клупската визија, за силен тим, на секоја позиција.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Дортмунд потврди дека Марко Ројс си оди
СледноРеал Мадрид во преговори за голем талент на аргентинскиот фудбал