Рублев подобар од Фриц за финале во Мадрид

72

Андреј Рублев во четвртфиналето го елиминира Карлос Алкараз, а во недела има шанса да ја освои втората титула на Мастерс турнирите во кариерата. Русинот е во финалето во Мадрид, откако по четврти пат во деветте меѓусебни дуели го совлада Тејлор Фриц. За 75 минути игра резултатот изнесуваше 6:4 и 6:3.
Рублев петти пат осигура финале на мастерс турнир, а ривал во борбата за трофејот ќе му биде подобриот од мечот меѓу Јиржи Лехечка и Феликс Оже-Алијасим.

ПретходноЛазаров: Ги почитуваме Ф.Острови, но се почитуваме и себе си! Верувам во играчите!
СледноЛазаревски: Нашата шанса е во цврстата игра и големата желба за пласман и на ова СП