Торино четврти меч без постигнат гол, но дојде до реми со Болоња

45

Во првиот натпревар од 35. коло на италијанската Серија А, Торино и Болоња вечерва ги поделија бодовите играјќи без голови, 0:0.

Ова е веќе четврти последователен натпревар без постигнат гол за тимот од Торино, кој е на десеттото место на табелата со 47 бодови, додека Болоња е на четвртата позиција со 64 освоени бодови.

Во текот на првото полувреме, Торино беше блиску до водство, додека гостите во завршницата имаа неколку добри шанси за победа.

ПретходноХаос во Истанбул: Фенер загуби од Монако, навивачи втрчаа на терен (ВИДЕО)
СледноМанчестер Ј. го стави Тухел како еден од кандидатите за нов менаџер на тимот