УЕФА одлучи: На ЕП 2024 репрезентациите со по 26 играчи

120

Репрезентациите учеснички на претстојното ЕП во Германија ќе имаат избор од 26 фудбалери кои ќе патуваат на континенталниот собир. Според француски „Л’Екип“ одлуката за проширување на составите од 23 на 26 играчи беше донесена денеска преку далечинско гласање од членовите на извршниот комитет на УЕФА.

На 22 април, иницијативата беше поддржана со мало мнозинство гласови од Комисијата на УЕФА за национални тимски натпревари. Претходно во поддршка за неа се изјаснија и некои селектори на репрезентациите кои учествуваат на тековното ЕП.

Сите 26 играчи ќе можат да се вклучат во официјалниот состав за натпреварите на ЕП 2024, а истите ќе седат и на клупата.

Евро 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули.

ПретходноАтанасов со петти сезонски гол во дресот на Краковија (ВИДЕО)
Следно„Среќникот“ Ожер-Алиасим повторно без борба дојде до финалето и во Мадрид