Фоден е фудбалер на сезоната според англиските новинари

73

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар фудбалер на годината од страна на англиската асоцијација на новинари (ФВА).
23-годишниот Англичанец освоил 42% од гласовите меѓу речиси 900 членови на здружението.
Во првите три се најдоа играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри. Следни беа Кол Палмер (Челзи), Оли Воткинс (Астон Вила) и Мартин Одегард (Арсенал).
Оваа сезона Фоден одигра 48 натпревари на кои постигна 24 гола и 10 асистенции.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, минатата година ја освои наградата на ФВА, а ова е прва ваква награда за Фоден во кариерата.
ФВА исто така го прогласи напаѓачот на Манчестер Сити, Бани Шо за најдобра фудбалерка на годината.

ПретходноЏирона во проблем поради трансфер на украински фудбалер
СледноМајк Тајсон во пресрет на борбата со Џек Пол се откажа од две работи!