Кошаркарите на Монако успеаја да слават на гостувањето кај Фенербахче со 65:62 во четвртиот натпревар од плеј-оф серијата на Евролигата, но мечот остана во сенка на случувањата по неговото завршување.
Како што обично се случува, навивачите на Фенер не го прифатија поразот, па на крајот од мечот настана вистински хаос на теренот. На теренот истрчаа неколку навивачи од првите редови, а на крајот играчите на Фенербахче, но и обезбедувањето мораа да спречат посериозен конфликт.
Во арената имаше се. Еден навивач фрли топка кон Блосонгејм, цел беа и судиите кои одлично се снајдоа на овој меч, а на крајот тренерот на Французите, Саша Обрадовиќ мораше да ги повика играчите да го напуштат теренот, пред да дојде до конфликт.
A scuffle broke out after the final whistle of GAME 4 in Istanbul 😳 pic.twitter.com/Si2i0v6H5H
— BasketNews (@BasketNews_com) May 3, 2024