До крајот на тековниот шампионат остануваа уште три кола. Пред нас е супер завршница во битката за титулата, во која Шкендија, Струга ТЛ и Шкупи влегуваат со по 58 бодови. Засега провизорно тетовци се први поради најдобрата гол разлика, ама на крајот се гледа меѓусебниот скор. Во случај две екипи да завршат со ист број бодови решава меѓусебниот скор, додека ако сите три на крајот имаат ист број бодови тогаш се прави мини табела на сите нивни меѓусебни мечеви.
Во последните три кола аспирантите за тронот се среќаваат меѓусебе. Веќе утре на Чаир играат Шкупи и Шкендија. Во рамките на 32.коло следниот викенд Шкендија ја пречекува Струга ТЛ, а во последното 33.коло, шампионот ќе ги одмери силите со Шкупи.
Како што стојат сега работите се чини дека шампионот на Македонија ќе го дознаеме по одигрување на последното коло.
31.КОЛО (04.05)
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
32.КОЛО (12.05)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ШКУПИ – БРЕРА
33.КОЛО (19.05)
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ТАБЕЛА
ШКЕНДИЈА 58, СТРУГА ТЛ 58, ШКУПИ 58…бодови