Алкараз пак е повреден, го откажа настапот на Мастерсот во Рим

222

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз повторно е повреден. Откако беше елиминиран во четвртфиналето во Мадрид, Алкараз донесе одлука да се повлече од Мастерсот во Рим што значи дека нема да игра на ниту еден турнир пред почетокот на Ролан Гарос (20 мај).
„Додека играв во Мадрид почувствував болка во раката. Тестовите покажаа дека имам оток на мускулите на подлактицата, што е последица од претходна повреда. За жал, нема да можам да играм во Рим. Морам да заздравам и да играм потполно спремен, без никаква болка“, изјкави Алкараз.
Алкараз поради повреди се повлече од Монте Карло, а потоа не играше ни во Барселона. Претходно го освои Индијан велс, но не се прослави во Мајами и во Мадрид. На Австралија опен беше запрен во четвртфиналето.

 

ПретходноЛазаревски: Нашата шанса е во цврстата игра и големата желба за пласман и на ова СП
СледноУ19: Словачка, Летонија и Луксембург наши ривали во квалификациите за ЕП 2025