Англичанецот Тејлор ќе го суди решавачкиот меч за титулата во првенството на Албанија!

3094

И Албанија тргна по стапките на Хрватска, Грција и други земји кои повикуваат на помош странски судии за најзначајните мечеви во нивните елитни шампионати.

Па така раководството на Фудбалската федерација на Албанија објави дека финалето на Ф4 во шампионатот, на кој ќе се решава кој ќе биде шампион, ќе го суди Ентони Тејлор, еден од најдобрите судии во Премиерлигата и во светот.

Ние на Тејлор ќе се сеќаваме секогаш во позитивна конотација зошто тој ја делеше правдата на мечот во Тбилиси кога славеме со 0:1 против Грузија и се пласиравме на ЕУРО 2020.

Инаку Англичанецот редовно суди во ЛШ и на останатите најважни натпреварувања под капата на УЕФА и ФИФА.

ПретходноПМФЛ – жени: Љуботен и Каменица Саса ја продолжуваат битката за титулата
СледноЏирона во проблем поради трансфер на украински фудбалер