Македонскиот фудбалски репрезентативец Јани Атанасов го постигна својот петти сезонски гол во дресот на Краковија во денешната убедлива победа над Горњик Забже од 5:0.
Нашиот играч за врска влезе од клупата во 70. минута, но набрзо успеа да се запише во листата на стрелците. Атанасов погоди во 85. минута поставувајќи го конечниот резултат на средбата.
Краковија по ова коло останува на 12. место на табелата во безбедната зона за опстанок.