Фудбалерите на Хофенхајм во последните минти на денешниот меч со Лајпциг успеаја да постигнат гол и да останат непоразени во првиот меч од 32. коло на германската Бундес лига.
Хофенхајм и Лајпциг одиграа 1:1, а гостите имаа голема шанса за трите бода, затоа што до 90. Минута водеа со 0:1, кога хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ му донесе израмнување на Хофенхајм. (ВИДЕО)
Вечерва во составот на Лајпциг одлична партија имаше словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко, кој го искористи доброто нафрлување на Давид Раум и со глава ја погоди мрежата на гостите во 38. минута. (ВИДЕО)
Елиф Елмас поради болест не беше во составот на „биковите“ за овој меч.