„Среќникот“ Ожер-Алиасим повторно без борба дојде до финалето и во Мадрид

640

31-от светски рекет Јиржи Лехецка од Чешка се повлече од полуфиналниот меч на Мастерс турнирот во Мадрид поради повреда на колкот при резултат 3:3 во првиот сет. Со тоа, Феликс Ожер-Алиасим (35. на АТП ранг-листата) се пласира во финалето на турнирот.

Во недела во мечот за титулата Канаѓанецот ќе игра со осмиот светски рекет, рускиот тенисер Андреј Рубљев, кој претходно во два сета го победи Американецот Тејлор Фриц.

Да потсетиме дека на патот до финалната средба Канаѓанецот против тројца од неговите шест противници скоро и да не играше, бидејќи тие ги предадоа дуелите.

ПретходноУЕФА одлучи: На ЕП 2024 репрезентациите со по 26 играчи
СледноКрамариќ го спаси Хофенхајм, Елмас не играше за Лајпциг (ВИДЕО)