Во првиот натпревар од 35. коло на италијанската Серија А, Торино и Болоња вечерва ги поделија бодовите играјќи без голови, 0:0.
Ова е веќе четврти последователен натпревар без постигнат гол за тимот од Торино, кој е на десеттото место на табелата со 47 бодови, додека Болоња е на четвртата позиција со 64 освоени бодови.
Во текот на првото полувреме, Торино беше блиску до водство, додека гостите во завршницата имаа неколку добри шанси за победа.