Македонскиот интернационалец Љупче Дориев со својот втор сезонски гол и донесе победа на екипата на Согдиана во дербито на 6. коло од шампионатот на Узбекистан.
Согдиана славеше со 1:0 на гостувањето кај Андијан, кој до ова коло беше лидер на табелата, а Дориеав го постигна голот за победа во 64. минута.
Ова беше трета сезонска победа за тимот на нашиот голгетер, кој останува на делба на првото место токму со тимот против кој славеше денеска.