Арсенал го „суреди“ Борнмут и го фрли притисокот врз „граѓаните“

119

Арсенал го совлада Борнмут во 36 коло на Премиер лигата со 3:0. „Топчиите“ се први на табелата со четири бода повеќе од второпласираниот Сити но и два натпревари повеќе од актуелниот првак.
Сепак, избраниците на Микел Артета направија притисок врз „граѓаните“ во борбата за титулата, а четата од Манчестер ќе треба да одговори на дуелот со Вулверхемптон кој се игра од 18:30 часот.
Арсенал го отвори резултатот во 45 минута, а стрелец на голот беше Букајо Сака од пенал. Во 70 минута погоди и Тросар на асистенција на Рајс, а конечниот резултат го постави Рајс во седмата минута од судиското продолжение.

ПретходноOва е тимот на сезоната во Бундес лигата
СледноИпсвич се врати во Премиер лигата после 22 години