Во Суботица претпазливи: МЗТ Скопје точно знае како се играат вакви дуели!

255

Пет поени предност има Спартак Суботица пред денешната средба против МЗТ Скопје во рамките на вториот полуфинален натпревар во АБА2-лигата. Од таборот на актуелниот македонски првак најавија дека нема да влезат со бело знаме на оваа средба, а за тоа се свесни и домашните кошаркари.

Исто, како и „сино-белите“ очекуваат тежок натпревар, иако се фаворити против МЗТ Скопје.

„Пред нас е еден исклучително тежок натпревар. Победивме во Скопје, но тоа не мора да значи ама баш ништо. МЗТ е многу искусна екипа и точно знае како се играат вакви дуели. Не смееме да се опуштиме во ниту еден момент, тоа им го предочив и на моите играчи. 

Мислам дека во Скопје не го покажавме нашето најдобро лице, но и ривалот може да одигра уште подобро. Влогот го знаеме сите и ветувам дека со голема борба ќе се обидеме да се пласираме во големото финале“, изјави Јовановиќ пред денешната средба. 

Првата средба во Скопје заврши со 73-78 во корист на Спартак, денешниот меч е закажан во 19 часот.

ПретходноЛоши вести за Далиќ на 40 дена пред ЕП
СледноНавивачите и играчите предвреме славеа промоција, а официјалниот спикер е виновен за хаосот!