Димитријевиќ во најдобрата петорка на четвртфиналето на ВТБ лигата

96

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше именуван за најдобар кошаркар во регуларниот дел на ВТБ лигата, а по завршување на четвртфиналните серии нашиот интернационалец беше избран во најдобрата петорка.
УНИКС ја елиминира Самара, а Димитријевиќ беше меѓу најзаслужните со оглед на тоа дека на поголем дел од мечевите беше и најдобар поентер и асистент.
Димитријевиќ е во друштво со Морис Ндур (Локо Кубан), Амат Мбаи (ЦСКА), Луис Лабери (УНИКС) и Винс Хантер (Зенит).
УНИКС во полуфиналето ќе игра против Локомотив Кубан.

ПретходноИпсвич се врати во Премиер лигата после 22 години
СледноОфицијално: Давид Раја е најдобар голман во Премиер лигата