Заврши сонот за АБА: МЗТ Скопје „распарчен“ во Суботица!

199

МЗТ Скопје не успеа да приреди сензација на вториот полуфинален натпревар против Спартак во рамките на АБА2 плеј-офот. Актуелниот македонски првак беше совладан и на гостински терен, но овој пат со убедливи 98-64. По двата порази за „сино-белите“ сонот за АБА-лига згасна, останува целосно да се свртат кон одбраната на титулата.

Ворку имаше десет поени, додека Војдан Стојановски и Робев по осум поени.

Зошто Спартак беше фаворит на овој дуел покажа во првото полувреме, во кое успеа да поведе со 52-32. МЗТ Скопје беше рамноправен противник во првата четвртина, ја загуби со 25-20, а потоа целосно потфрли, прими 32 поен, даде само 12.  Во првото полувреме, домашниот состав постигна девет тојки од 12 обиди, имаше и 16 асистенции.

Сето ова беше доволно за да го урне отпорот на МЗТ Скопје, а потоа до крајот без проблем да го завери своето место во финалето.

Што се однесува до македонскиот првак во третата четвртина одигра многу подобро, но недоволно за да сериозно му се закани на противникот. Во последните десет минути и двата тренери им дадоа шанса на кошаркарите кои имаат помала минутажа.

Во финалето ќе се сретнат Војводина и Спартак.

ПретходноПрилеп направи уште еден чекор до опстанок
СледноПорту ја „растргна“ Барселона и му донесе шампионски наслов на Реал (ВИДЕО)