По Јокиќ, и Лука Дончиќ испрати супер тим на летување (ВИДЕО)

1795

Кошаркарите на Далас Маверикс остварија домашна победа против ЛА Клиперс од 114:101 и се пласираа во полуфиналето на Западната конференција во НБА плеј-офот со 4:2 во серија. Таму ќе играат против Оклахома.

За кошаркарите на Далас ова е историски момент. По 13 години чекање, со домашна победа се пласираа во плеј-офот, а исто така тоа го сторија против Клиперси кои кои ги исфрлија од плејофот во 2020 и 2021 година, па сега имаа посебен мотив.

Далас до победата го предводеше феноменалниот Кајри Ирвинг, кој постигна 30 поени, а дури 28 дојде во вториот дел. Тој имаше и шест скока, четири асистенции, две украдени топки и две блокади.

Дончиќ имаше проблеми со повреденото колено, па шутот воопшто не го послужи. Имаше 1/10 за три поени. Сепак успеа да постигне 28 поени, а имаше и 13 асистенции и седум скока.

На другата страна Пол Џорџ постигна 18 поени со 11 скока, Харден постигна 16 поени и имаше 13 асистенции и седум скока.

Синоќа играа Орландо и Кливленд, а со победа на домашен терен од 103:96, Орландо успеа да дојде до изедначување од 3:3 во серијата.

ПретходноМанчестер Ј. го стави Тухел како еден од кандидатите за нов менаџер на тимот
СледноПаника во Минхен: Баерн ќе плати 30 милиони евра за тренер кој не беше на нивниот список