По Лестер и Ипсвич таун од идната сезона ќе игра во најсилната англиска лига – Премиер лигата. Ипсвич успеа да го победи Хадерсфилд и има 96 бодови на второто место на табелата, поен помалку од првопласираниот Лестер. Овие два тима одат во посилен ранг, а останува прашање само кој ќе заврши на првото место.
Ипсвич последен пат играше во Премиер лигата во 2002 година. Во сезоната 2018/19 испадна во третата лига, а во 2022/23 се врати во Чемпионшип и веќе веднаш избори промоција во Премиер лигата.
Ипсвич е предводен од тренерот од Северна Ирска, Киран Мекена кој го презема тимот во 2021 година. Претходно работеше во младинските тимови на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.