Јокиќ и Денвер паднаа на првиот меч, Едвардс му даде 43 поени на првакот (ВИДЕО)

590

Веќе во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Минесота го изненади бранителот на титулата Денвер, совладувајќи го со 106:99. Најзаслужен за победата Ентони Едвардс кој постигна 43 поени, седум скока и три асистенции.

Тоа беше трет натпревар за Едвардс со најмалку 40 поени во плеј-офот, откако постигна 40 во натпреварот број 4 од серијата против Феникс, и 41 во минатогодишниот плеј-оф, негов прв, кога постигна 41 против Денвер, кој тогаш ја доби серијата со 4-1.

Едвардс беше одличен, но натпреварот го реши најдобриот шести човек на лигата
Од тие 43 поени, кои ги постигна со ефикасен шут од 17/29, Едвардс постигна 25 веќе во првото полувреме, а во четвртата четвртина играта ја презеде резервниот центар и официјално најдобар шести играч во лигата, Наз Рид, кој постигна 14 во последната четвртина од вкупните 16, од кои десет во низа во серијата 18:7, со која Минесота дојде на +11.

Карл-Ентони Таунс додаде 20 поени, Мајк Конли постигна 14 поени и 10 асистенции.

Никола Јокиќ заврши со 32 поени, шутираше само 11/25, имаше осум скока и девет асистенции, но имаше и седум загубени топки, кои гостите речиси редовно ги казнуваа во контранапади. Мајкл Портер Јуниор постигна 20 поени, а Џамал ​​Мареј ги постигна сите 17 свои поени во вториот дел.

ПретходноШвјонтек и се реваншираше на Сабаленка и го освои Мадрид Опен
СледноМитревски со 14 одбрани и победа против Талески