Како што објавија медиумите во Шпанија, денеска во Олимпиското село во Париз пристигнале анти – секс креветите за спортистите на претстојните ОИ кои ќе се одржат ова лето во главниот град на Франција.
Ги има околу 18.000, а се изработени од рециклиран картон. Долги се 2,1 метри а можат да издржат тежина од 200 кг.
Наречени се анти – секс кревети зошто, според искуството од минатите ОИ во Токио, се преслаби за да издржат било какви интимни односи на нив.