Уште два дена остануваат до првата пресметка меѓу Македонија и Фарски Острови во битката за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.
Првата средба се игра во Торшавн, „фараните“ ги пречекуваат нашите ракометари на 8. мај, мечот е закажан со почеток во 20 часот. Уште одамна билетите кои беа пуштени во продажба беа распродадени, капацитетот е 1.7000 места. Реваншот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 12. мај.
„Фараните“ на последното Европско првенство станаа сензација, откако одиграа нерешно со Норвешка, а потоа добро ги намачија Полска и Словенија. Токму ваквите игри придонесоа да бидат фаворити на првата средба против Македонија на домашен терен, секако според обложувалниците, кои несекогаш се релевантен фактор за соодносот на силите на теренот.
Иако Македонија гласи за селекција со далеку поголемо искуство кога станува збор за овие мечеви, но и големите натпреварувања, сепак за победа на Фарски Острови коефициентот изнесува 1.40, додека пак за победа на „црвено-жолтите“ е четири.
Македонската експедиција за Фарски Острови заминува утре наутро со чартер лет.