Атлетичарот Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. Имено тој на меѓународниот турнир во Марибор ја истрча оваа делница за 53,56 секунди и го собори рекордот кој досега изнесуваше 55,11 секунди кој беше со важност од далечната 1980 година, значи стар дури 44 години.
Успехот да биде уште поголем говори податокот дека оваа трка на Стојоски била само негова втора во оваа дисциплина.