Барселона го договори аргентинскиот фудбалер

865

Барселона се договорилсо првиот играч што ќе го доведе во текот на летниот преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Тоа ќе биде играчот од средниот ред на Бетис, Гвидо Родригез, 30-годишниот Аргентинец кој со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2022 година и кого Бетис и покрај желбата да остане не сакаше да му го продолжи договорот.

Наводно, Барселона се договорила со него уште во март откако станало јасно дека Бетис нема да смета на него во следната сезона.

Според Трансфермаркт, Родригез (30) вреди 24 милиони евра, а Бетис каде пристигна во 2020 година е единствениот европски клуб за кој настапувал.

ПретходноМакедонија ја нема фаворитската улога на првата пресметка со Фарски Острови
СледноЈагуриноски: Одиме да одиграме мудро! Пред нас се неизвесни 120. минути!