Двоен европски шампион убиен на фронтот во Украина

5260

Украинскиот спортист Олександр Пелешенко, двоен шампион на Европа во дигање на тегови загинал во воениот конфликт во Украина. Учесникот на Олимписките игри во Рио загинал во борбата против руските сили во војната во Украина, а имал само 30 години.
Пелешенко е роден во областа Луганск во која се води војна.
Инаку тој бил европски првак во 2016 и 2017 година. Една година подоцна добил казна од антидопинг агенцијата поради која бил суспендиран и бил на условна казна до 2026 година.

ПретходноБиелса во репрезентацијата на Уругвај повика аматер
СледноНаполи во судиското продолжение остана без победа против Удинезе