Наполи во судиското продолжение остана без победа против Удинезе

100

Во последниот меч од 35 коло на Серија А, Наполи гостуваше кај Удинезе и водеше со 1:0, но во судиското продолжение остана без победа. Резултатот на крајот е 1:1.
Првото полувреме донесе девет шутеви, но ниту еден во рамките на голот. Наполи беше подобар противник, во 51 минута на центаршут на Политано, мрежата на Удинезе ја затресе Осимен.
Осимен повторно ја затресе мрежата во 80 минута но по ВАР проверка е востановен офсајд. Во 92 минута, Саксес погоди за реми во Удине.
Наполи е осми со 51 бод, пет помалку од седмиот Лацио. Удинезе ја продолжува трката за опстанок и е на 18 место со 30 бодови.
На другиот денешен меч, екипата на Аталанта ја совлада Салернитана со 2:1 во гости и така ги одржува шансите за излез во ЛШ.
Салернитана водеше на полувреме со гол на Чаона. ВО вториот дел Скамака и Копмајнерс го свртеја резултатот.

ПретходноДвоен европски шампион убиен на фронтот во Украина
СледноПалас му одржа лекција на Јунајтед – го демолира со 4:0