Реал Мадрид е шампион во Ла Лига, утре може да се избори за уште едно финале во ЛШ, но сепак се е во знакот на трансферот на Килијан Мбапе. Сагата која трае две години би требало да се заврши за некој ден.
Од друга страна се најавува дека и Џејдон Санчо, репрезентивецот на Англија, сегашен член на Дортмунд би можел ова лето да дојде на “Сантијаго Бернабеу“.
Според медиумите во Шпанија, него го препорачале Џуд Белингем и Зинедин Зидан, и двајцата имаат супер мислење за младиот офанзивец кој не се снајде во Манчестер Јунајтед па затоа се врати на “Сигнал Идуна Парк“. Па така сега Дон Флорентино Перез е на потег.
Инаку Санчо и Белингем се големи пријатели од времето кога заедно играа во Дортмунд.