И покрај тоа што Чави Ернандез го молеа со денови да остане во Барселона, имаа со него повеќе средби и кога го наговорија за долгорочна соработка, за следната сезона имаат намера да го вратат Луис Енрике.
Последните информации велат дека спортскиот директор Деко работи на тоа по секоја цена Чави да си оди, а на негово место да дојде Луис Енрике, кој е под договор со ПСЖ и кој вечерва има шанса да се избори за финале во ЛШ. Но договорот му истекува следното лето.
Оваа вест можеби е шпекулација, можеби е неостварлива, но се чини дека никогаш не е здодевно во Барселона.
Да се потсетиме дека во 2015 Барса со Енрике беше шампион во ЛШ.