Вечерва ќе го добиеме првиот финалист во ЛШ – Борусија во Париз брани минимална предност

183

Вечер во Париз ќе го добиеме името на првиот финалист во Лигата на шампионите оваа сезона, дали тоа ќе биде ПСЖ или Борусија Дортмунд. Борусија на „Паркот на принцовите“ ќе брани предност од 1:0 од првиот меч. Стрелец на голот беше Фулкруг, а таму видовме отворен фудбал со многу шанси на двете страни. Според мислењето на многумина парижаните не заслужија пораз во Дортмунд, а вечерва сигурно им припаѓа улогата на фаворит (тоа го кажуваат и коефициентите на поголемиот дел од светските обложувалници).
Борусија не е позната како дефанзивна екипа, па не се очекува „бункер“ од нивна страна.
Се што треба да направиме е да извлечеме реми, меѓутоа ние ќе одиме на победа. Сигурен сум дека ПСЖ ќе биде подобар отколку во Дортмунд, па навистина ќе треба да брилјираме за да се пласираме во финалето“, изјави Терзиќ.

Дортмунд има една европска титула, онаа од 1997 година, a oди на третото финале затоа што има едно од 2013 година кое го загуби од Баерн. ПСЖ нема трофеј, а во во 2020 година го играше првото финале и го загуби од Баерн со 1:0.

Судија на мечот е Даниел Орсато од Италија. Почетокот е од 21:00 часот.

Кај ПСЖ ќе ги нема Лукас Ернандез, Лејвин Курзава, Преснел Кимпембе и Серхиот Рико поради повреди. Кај Борусија ќе недостасуваат Реми Бенсебаини и Жилиен Дуранвил поради повреди.

ПретходноПоранешен европски шампион е пред банкрот
СледноДали е ова најсовршениот изведен пенал во историјата?! (ВИДЕО)