Диего Коста е херој во Бразил, со пријателите спасил 100 луѓе погодени од поплавите (ВИДЕО)

246

Бразилскиот фудбалер, а некогашен репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, заедно со своите другари активно помагаат во спасување на жртвите погодени од поплавите во Бразил.

Радиото „Кадена СЕР“ објави дека поранешниот напаѓач на Челзи и Атлетико Мадрид, кој игра за Гремио, се враќал дома после тренинг и наишол на група луѓе на кои им била потребна помош поради поплавите во областите на државата Рио Гранде до Сул.

Фудбалерот веднаш го ставил на располагање својот џет ски, а повикал и четворица пријатели со други пловила за да спасат повеќе од 100 луѓе погодени од водената стихија.

„Имам 56 години и секогаш патувам со навивачите на Гремио. Никогаш не сум видел вакво нешто, какво што направи Диего денес. Тој пристигна тука пред само неколку месеци. Го остави својот џет ски и им се јави на пријателите и тргнавме во спасувачка мисија“, рече еден фан.

Поради поплавите, околу 150 илјади жители на Рио Гранде до Сул биле принудени да ги напуштат своите домови. Најмалку 85 лица загинаа, а уште 130 се водат како исчезнати.

ПретходноПикси е најлош од сите селектори кои ќе бидат на Евро 2024!
СледноШампионот со убедлив триумф до 2:0 над ТФТ во полуфиналето на плеј-офот (ФОТО)