Непознати лица со дрон истуриле киселина и го оштетиле теренот на стадионот на Вележ

2471

Непознати лица во неделата вечерта на стадионот на Вележ истуриле некаква киселина со која значително го оштетиле теренот, јавија денеска босанските медиуми. Според информациите, непознатите лица употребиле дрон од кој испуштиле киселина и направиле штета на теренот на стадионот „Роѓени“.

Според претседателот на ФК Вележ, Сенад Кевеља, тимот од Мостар нема да може да игра на својот стадион најмалку 15 дена.

„Нема да го користиме теренот во следните 15 дена, тоа е сигурно. Луѓето од ФСБИХ кои се одговорни за одржувањето на теренот треба да дојдат денес или евентуално утре и да дадат своја проценка за состојбата на теренот. Ние нема да го користиме“, рекол претседателот на Вележ.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Париз, Борусија (Д) го запре нападот на ПСЖ
СледноРакометарите го одржаа вечерниот тренинг во Торшавн (ФОТО)