Сосема очекувано, Виктор Вембањама е избран за „руки“ или дебитант на годината во НБА, и тоа едногласно. Имено сите 99 новинари кои учествуваа во овој избор својот глас за најдобар дебитант го дадоа Французинот кој со своите 224 см, но и кошаркарски талент и квалитет, уште во својата прва сезона во НБА како член на Сан Антонио одигра фантастично.
На второто место на овој избор се најде Чет Холмгрен, кој доби еден глас за трето место и 98 гласа за второ, а на трето место се најде Брендон Милер.