Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (вторник) ќе ги одмерат силите против ТФТ (19 часот) во вториот меч од полуфиналната плејоф-серија од домашното првенство во која водат со 1-0, а која се игра до три победи. Во пресрет на овој дуел, своите размислувања ги искажа најмладиот во тимот, Марин Петков.
„Нѐ очекува уште еден натпревар со ТФТ, тим што е квалитетен и незгоден, а што го покажа и во сите претходни меѓусебни дуели сезонава. Свесни сме дека сме фаворити и не бегаме од тоа. Подготвени сме да одиграме агресивно и на највисоко енергетско ниво, бидејќи само така ќе може да дојдеме до целта. Ќе сториме сѐ за да дојдеме до победата и уште повеќе да се доближиме до финалето.“, изјави Петков.