Пикси е најлош од сите селектори кои ќе бидат на Евро 2024!

573

Престижниот фудбалски магазин „Four Four Two“ на нешто повеќе од еден месец до почетокот на Евро 2024, ги рангираше селекторите на сите 24 национални селекции, а интересно е што на последното место се најде српскиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.

Магазинот не го образложи својот избор, па под името на српскиот тренер накратко ја опиша играчката и тренерската кариера на стратегот.

Најдобар тренер според магазинот е францускиот селектор Дидие Дешан, на второ место е Италијанецот Лучијано Спалети, а зад него како трет е Јулијан Нагелсман (Германија). Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е високо рангиран на петтата позиција.

ПретходноТри победи за македонските тенисери на фјучерсот во Куршумлијска Бања
СледноДиего Коста е херој во Бразил, со пријателите спасил 100 луѓе погодени од поплавите (ВИДЕО)