Ете и тоа го има во светот на фудбалот и тоа во Малезија. Фудбалерот Фејсал Халим се здобил со изгореници од втор степен откако врз него била фрлена киселина и тоа во трговски центар.
Халим кој игра за Селнгор има повреди на неколку места на телото.
“Го осудувам ова насилство и ја повикувам полицијата да ги приведе виновниците“ изјави повредениот фудбалер.
Инаку овој ужасен чин се случил во текот на викендот и се надоврзува на уште некои вакви моменти во изминатите денови во Малезија, каде мета на нападите биле фудбалери.