Бразилскиот фудбалер, а некогашен репрезентативец на Шпанија, Диего Коста, заедно со своите другари активно помагаат во спасување на жртвите погодени од поплавите во Бразил.
Радиото „Кадена СЕР“ објави дека поранешниот напаѓач на Челзи и Атлетико Мадрид, кој игра за Гремио, се враќал дома после тренинг и наишол на група луѓе на кои им била потребна помош поради поплавите во областите на државата Рио Гранде до Сул.
Фудбалерот веднаш го ставил на располагање својот џет ски, а повикал и четворица пријатели со други пловила за да спасат повеќе од 100 луѓе погодени од водената стихија.
„Имам 56 години и секогаш патувам со навивачите на Гремио. Никогаш не сум видел вакво нешто, какво што направи Диего денес. Тој пристигна тука пред само неколку месеци. Го остави својот џет ски и им се јави на пријателите и тргнавме во спасувачка мисија“, рече еден фан.
Поради поплавите, околу 150 илјади жители на Рио Гранде до Сул биле принудени да ги напуштат своите домови. Најмалку 85 лица загинаа, а уште 130 се водат како исчезнати.
Chelsea legend Diego Costa has rescued 50-100 people from floods in Brazil. The Gremio striker has been using a jet ski and his truck to take people to safety pic.twitter.com/sYL1y8y1I1
— World Soccer Talk (@worldsoccertalk) May 7, 2024